Царината заплени 18.000 евра од патници кои се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница

Фото: Царинска управа

Спречен нелегален изнес и внес на девизи во државата во износ од 18 илјади евра, откако во три различни случаи, царинските службеници при контрола на патници откриле поголеми износи на девизи, коишто спротивно на закон патниците сакале да ги пренесат без да ги пријават.

Како што информираат од Царинската управа, во двата случаи станува збор за странски државјани кои на излез и на влез во државата на прашање од царински службеници не пријавиле ништо за царинска контрола.

Фото: Царинска управа

Како што информираат од Царинската управа, во двата случаи станува збор за странски државјани кои на излез и на влез во државата на прашање од царински службеници не пријавиле ништо за царинска контрола.

-Притоа на влез во државата на граничен премин Богородица, кај грчки државјанин биле пронајдени 14 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се 10 илјади евра, а останатите четири евра се задржани. На граничниот премин Меџитлија пак, при претрес на српски државјанин кој патувал за Грција во внатрешниот џеб од јакната што ја носел на себе, му биле пронајдени непријавени приближно 16.000 евра. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра што странски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани, се вели во денешното соопштение од Царинската управа.

Спречено е и нелегално изнесување на девизи кај македонски државјанин на излез од државата на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје. Патникот во џебот носел 9.900 евра кои не ги пријавил и за нив не поседувал документација за потекло, при што од страна на царинските службеници согласно закон му се вратени 2 илјади евра – износ којшто македонски државјани може да го изнесуваат, а останатите му се одземени. 

 

ВИДЕО: Македонец се обидел да шверцува девизи сокриени под акумулаторот на возилото, Царината му ги заплени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот