„Букинг“ повторно ја злоупотребува доминантната позиција

Booking.com

Се чини дека „Букинг“ повторно ги прекрши правилата за конкуренција, овојпат во Шпанија, а тамошното антимонополско тело веќе покрена постапка против оваа компанија за изнајмување сместување преку Интернет, пишуваат европските медиуми, објави Политика рс.

Жалбата, наводно, била поднесена од две здруженија на хотелиери тврдејќи дека најголемата платформа за резервации се обидува да ги истисне од бизнисот преку серија нефер деловни практики.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата наводно се сомнева дека „Букинг“ ги прекршил шпанските закони и ја злоупотребил доминантната позиција, а хотелиерите нагласуваат дека оваа компанија наметнала неправедни услови и мерки кои можат да ги елиминираат од пазарот во бизнисот со изнајмување сместувачки капацитети. Ова не е единствената поплака против фирмите кои посредуваат при изнајмување сместувачки капацитети, ниту пак прва против „Букинг“.

Пред три години беа обвинети за скриени трошоци во цените за сместување.

Под притисок на британската агенција за заштита на конкуренцијата на пазарот за онлајн резервации се промени начинот на водење бизнис на „Букинг“, „Триваго“, „Ер-БНБ“ и слични компании. На пазарот во ОК сега мора јасно да ги наведат сите давачки (даноци, такси за чистење итн.) и да ги презентираат на клиентите пред резервацијата. Туристите се пожалија и на лажни рејтинзи на хотели, агресивни методи на продажба и погрешни тврдења за попусти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот