Бугарија со план да го преполови ДДВ во угостителството

Пониската даночна стапка нема да се однесува на пијалоците, на кои рестораните и превозниците ќе продолжат да плаќаат 20 проценти ДДВ. 

Бугарската Влада предложи да се намали стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) на храна во рестораните и испорака на девет проценти, од сегашните 20 проценти, како привремена помош на секторот за време на кризата со коронавирусот.

Според нацрт-законот објавен на веб-страницата на Парламентот, планираната пониска стапка треба да стапи на сила во јули и ќе остане на сила до крајот на 2021 година.

Се проценува дека мерката ќе ја чини државната каса 255 милиони лева (141 милиони долари).

Пониската даночна стапка нема да се однесува на пијалоците, на кои рестораните и превозниците ќе продолжат да плаќаат 20 проценти ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот