
Будимпешта најде начин да се справи со туристите: Нема да има престој на неколку ноќи во центарот на градот
Будимпешта е една од најпопуларните дестинации за краткотраен престој, каде што туристите поминуваат сѐ повеќе и повеќе ноќевања секоја година.
Препорачано
Со 6,7 милиони туристички ноќевања годишно, Будимпешта ги надмина Виена и Прага. Оваа бројка почнува да ја надминува економската оправданост, а населението реши да се бори против зголемениот број туристи.
Затоа, жителите на Шестата област гласаа за забрана на краткорочно изнајмување од 2026 година, во одлука што може да има пошироки последици за пазарот на недвижности. Новата регулатива треба да забрани издавање на недвижности во центарот на градот, а тоа ќе важи за сите имоти кои се регистрирани за ваков вид дејност. Ова најмногу се однесува на платформите „Ербиенби“ и „Букинг“.
Се очекува уредбата да биде воведена во целиот град, бидејќи населението јасно кажа дека им е поважен мирот во сопствениот дом од изгубените приходи.
Будимпешта претставува еден од најубавите и најважните културни, историски и економски центри во Централна Европа. Градот е познат по својата богата историја, прекрасните градби, термалните бањи, како и мостовите кои ги поврзуваат двата дела на градот.
Некогаш тоа беше градот низ кој учевме како да патуваме и преку кој ја запознавме европската култура и традиции. Денес е град кој му покажа на светот дека е повеќе од само туристичка дестинација, денес е град во кој луѓето одат да останат, да живеат.