Брзата пруга од Белград до Суботица готова до крајот на годината

Пруга / Фото МИА

До крајот на годината ќе биде завршена брзата пруга од Нови Сад до Суботица – таа е дел од проектот за брза железница од Белград до Будимпешта. Ќе биде долга 108 километри, а вкупната договорена вредност на работите е 1,16 милијарди долари.

Таа делница ја градат кинески компании, а од понеделник под висок напон е ставена контактната мрежа на новоизградената делница на брзата пруга Нови Сад – Врбас. Ова е направено со цел да се тестира мрежата, како и континуитетот и јачината на струјата.

Ненад Станисављевиќ од Српската железница Инфраструктура ги предупредува граѓаните да не се приближуваат до просторот на градилиштето.

„Работите на изградбата на брзата пруга се интензивираат за да се достигне тој рок и до крајот на годинава да се отвори брзата пруга од Нови Сад до Суботица. Во моментов на делницата од Нови Сад до Врбас во тек е фазата на тестирање на контактната мрежа, на таа делница е пуштена високонапонска струја од 25.000 волти за сите испитувања, мерења, се што е потребно во оваа фаза“, рече Станисављевиќ.

Првичниот рок за изградба на пругата Суботица-Нови Сад беше август следната година, па на инсистирање на нашите луѓе таа беше поместена за крајот на оваа година, пишува Каматица. Тоа значи дека од Нови Сад до Суботица до крајот на оваа година ќе бидат потребни околу четириесетина минути, а вкупно од Белград до Суботица со брзина од 200 километри на час ќе бидат потребни околу еден час и десет, петнаесет минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот