Бројот на жртвите од стампедо на музичкиот фестивал во САД се искачи на девет

Во стампедо на музичкиот фестивал во Хјустон загинаа 9 лица/Фото: Скриншот

 Бројот на жртвите од стампедо на музичкиот фестивал „Астроворлд” во Хјустон се искачи на девет, откако почина 22-годишна студентка од Тексас, соопшти адвокатот на семејството.

Барти Шахани им подлегна на „страшните повреди” здобиени за време на концертот на раперот Тревис Скот.

Студентката на Универзитетот во Тексас А&М била на апарати за одржување во живот, изјави адвокатот Џејмс Ласитер, пренесе Гласот на Америка.

Десетици луѓе беа повредени во стампедото на 5 ноември, за кое сè уште не се знае како настанало.

Меѓу загинатите се и тинејџери на возраст од 14 и 16 години.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот