Мијанмар земјотрес урнатини EPA-EFE

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.455

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 3.455 Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мјанмар пред повеќе од една недела се искачи на 3.455, јави денеска Ксинхуа.

Се додава дека 4.840 лица се повредени, а 214 се водат како исчезнати. Локалните медиуми претходно објавија дека бројот на жртвите е 3.354.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар на 28 март, а епицентарот се наоѓа на околу 16 километри од Мандалеј, вториот по големина град во земјата.

Уништени се згради во неколку градови и населени места, вклучувајќи железнички и патен мост на автопатот Јангон-Мандалај.

Регистриран бил и силен последователен потрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот