Брнабиќ за Резулуцијата за Сребреница: Пирова победа и фаул на големите западни сили

Ана Брнабиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.

Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше усвоена вчера со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.

Брнабиќ за РТС изјави дека Србија покажала како треба да се бори за своите интересии не дозволила српскиот народ да биде жигосан.

Се што ќе кажам е доста емотивно… мене лично ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на таа резолуција, додаде таа во изјава за РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот