Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Бритни Спирс конечно трезна: „Не се дрогира, не ја интересираат мажи, ужива со синовите и планира да стане милијардерка“

Пејачката Бритни Спирс престанала да користи наркотици и строго ги контролира своите финансии. Редовно оди на терапија, ги пие препишаните лекови и не е повеќе во контактот со осудениот престапник Пол Ричард Солиз. Спирс наводно се откажалаод „токсични“ мажи и ветила дека ќе остане сингл, пишува „Дејли мејл“.

„Таа е трезна и не се дрогира. Пие чаша вино одвреме-навреме, но нема проблем со зависноста и има луѓе околу неа кои се грижат да остане доследна на тоа. Сака да се излечи од нејзината долгогодишна траума и засега заврши со мажите сакајќи фокусот да го насочи кон себе“, рекол изворот.

Наводно, Бритни редовно оди на терапија кај психијатар и зема препишани лекови, а наместо на лошите навики, решила своето време да им го посвети на синовите и да поработи на нивната врска.

„Ѝ се врати љубовта на нејзините синови и тоа ја промени. Често разговараат и постојано си испраќаат пораки. Само тоа фо сакаше“, рекол изворот.

Тие веќе се полнолетни, а големиот дел од времето ги одгледал нивниот татко Кевин Федерлајн поради старателството над нивната мајка и инциденти добро познати на јавноста, како што е, на пример, оној во кој полицијата мораше да интервенирала затоа што во 2008 година пејачката се заклучила со едногодишниот син во бањата и одбила да излезе.

Блиските на пејачката тврдат дека обновувањето на врската со Џејден (18) и Шон Престон (19) во моментов е најкорисно за нејзиното здравје. Спирс до 2017 година плаќа алиментација на Федерлајн, прво во износ од 240.000 долари годишно, а потоа и 480.000 долари годишно, бидејќи момчињата живееле на Хаваи со својот татко.

Во еден момент нивниот однос бил толку лош што во последните години момчињата престанале да одговараат на пораките на нивната мајка, а најголема причина беа објавите на Спирс на социјалните мрежи во кои таа позира полугола.

„Тоа е како да мора да објави нешто на Инстаграм за да привлече внимание. Ова трае со години и години, и има големи шанси ова никогаш да не престане, но се надевам дека ќе престане“, изјави Џејден пред две години.

Покрај семејството, пејачката сака да си ја врати контролата и врз финансиите и има повеќе амбиции, како што пренесува Дејли Мејл, сака да стане милијардерка.

„Бритни виде дека луѓето како Селена Гомез стануваат милијардери со линии на шминка за многу кратко време. Таа знаеше дека ако сака да создаде такво богатство, мора да развие нешто што е уникатно “, рекол изворот.

Спирс потпиша договор за правата на нејзината животна приказна и филм, базиран на нејзината книга, а работеше и на линијата накит „Tiny B“. Сепак, она што ги прави најзадоволни блиските до пејачката не се нејзините пари или скапите проекти, туку фактот што таа конечно почна да се грижи за себе и да ја врати контролата над својот живот.

„Таа настапува цел живот. Сега танцува по свои услови и по свој ритам“, заклучил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот