
Бритни објави 12 фотографии на кои е целосно гола, фановите ја молат да престане
Бритни Спирс предизвика загриженост кај своите фанови откако вчера на својот Инстаграм објави девет фотографии на кои е целосно гола.
Препорачано
„Фотографии од моето последно патување во Мексико, пред тоа во моето тело да се наоѓа бебе“, напиша и додаде: „Зошто изгледам десет години помладо на патувањата?“.
View this post on Instagram
Фановите во коментарите пишуваа дека се загрижени за 40-годишната поп ѕвезда, сакајќи да знаат зошто неколку пати објавила иста слика. Постоеа и критичари кои сметаат дека таа сепак премногу им покажува на фановите.
Неколку минути подоцна Бритни објави уште три голи фотографии, многу слични на првите, а подоцна објави уште три.
„Оваа девојка е болна, таа плаче за помош“, напиша еден фан, додека друг беше уверен дека Бритни била под надзор на својот татко со причина.
View this post on Instagram
Бритни беше во Мексико со вереникот Сем Асгари кога се снимени фотографиите. Парот во моментот го очекува своето прво заедничко дете.
Во ноември минатата година по медиумски силно следената судска битка Бритни ја врати контролата над своите финансии и здравствените и личните одлуки по 13 години. Фановите ја поддржуваа во обид да се спаси од надзорот на својот татко Џејми Спирс.
View this post on Instagram
Сега кога тоа се случило, дел од фановите се загрижени и размислуваат дека надзорот постоел со причина.
„Стварно сакав да престанеш ова да го правиш. Постојано докажуваш дека постои нестабилност.“, тврди еден фан, додека друг додаде „Почнувам да мислам дека тие кои те контролираат треба да продолжат со тоа“.
Сите објави дојдоа откако пејачката се одлучи да се повлече од социјалните мрежи. Тоа, сепак, траеше само еден ден.