„Бритиш ервејс“ откажа 10 000 летови од зимскиот распоред

„Бритиш ервејс“
Авион на Бритиш ервејс / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс” откажа повеќе од 10 000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места.

Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата.

Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за ковид-19. Портпаролот на компанијата истакна дека продолжувањето на летовите за Хонг Конг ќе биде одложено до декември, кога ќе има еден лет дневно.

„Бритиш ервејс“ од почетокот на летото откажал 38 000 летови. Откажаните зимски летови се еднакви на речиси една десетина од планираните летови. Одлуката е резултат на потресите во секторот на воздушниот транспорт, објави весникот „Тајмс“.

Европските авиокомпании трпат рекордни доцнења во европскиот воздушен простор поради недостиг на персонал, големи отсуства поради болести и метеж предизвикан од затворањето на воздушниот простор над Русија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот