Британскиот весник ги „прислушува“ албанските мигранти

Познатиот британски весник ги открива телефонските разговори на албанските трговци со луѓе и открива детали за тоа како мигрантите минуваат низ англискиот канал. Во долгиот извештај пишува дека трговците со луѓе добиваат 3.500 фунти по човек.

Истрагата на британскиот весник „Дејли експрес“ докажа дека албанските трговците со луѓе кои илегално влегувале во Британија ја продолжувале својата активност и покрај прогласените мерки против оваа појава. Според весникот, албанските шверцери користеле телефонски броеви во Обединетото Кралство за да организираат илегални премини преку каналот меѓу Франција и Англија.

Новинарите дознаваат дека бандите добиваале 3.500 фунти по човек за преминување на Каналот и се координирале преку соработници во Обединетото Кралство.

Во написот е опишано дека едно од лицата со кои контактирале новинарите било подготвено да прошверцува деца без придружба во Британија и понудил попуст од 500 фунти за петнаесетгодишно момче. Претставувајќи се како роднини на албанско семејство кое сака да дојде во Англија, новинарите контактирале со некои трговци со луѓе кои ги рекламирале нивните услуги на социјалните мрежи.

Еден од „шверцерите“ објави видео од мигрантите како се качуваат на гумени чамци, пишувајќи „Заминуваме денес, најдобри цени, само два часа оддалеченост“ и „Прифаќаме семејства…групи од повеќе од 5 лица“.

„Дејли експрес“вели дека трговците со луѓе можат да најдат членови на семејството за да се заканат или да откријат каде би можел да се крие мигрантот ако не плати. Според весникот, честопати плаќањето за илегалниот премин се врши откако илегалците ќе слетаат во Британија, додека еден од шверцерите рекол дека парите лесно се префрлаат во Албанија.

Податоците на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека од јуни 2022 година до јуни 2023 година, 11.790 Албанци побарале азил во Велика Британија, што е на прво место, додека Авганистанците се на второ место, со околу 10.000 барања.

Британскиот премиер неодамна призна дека спречувањето на преминувањето на илегални имигранти со гумени чамци од Ла Манш до Обединетото Кралство не е нешто што завршува за кратко време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот