Британски разузнавачи сметаат дека ФСБ стои зад падот на авионот на Пригожин

Авионска несреќа во која загина Пригожин / Фото EPA-EFE/RUSSIAN INVESTIGATIVE COMMITEE

Според британските одбранбени извори, најверојатно зад соборувањето на авионот на Евгениј Пригожин стои домашната руска разузнавачка и безбедносна агенција ФСБ (наследници на КГБ), јавува Би-би-си.

ФСБ, потсетува Би-Би-Си, е целосно лојална на рускиот претседател Владимир Путин и ги надгледува и руските гранични сили.

Се верува дека смртта на основачот на Вагнер ќе ја зајакне позицијата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, кого Пригожин не можеше да ги поднесе и јавно ги критикуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот