Commuters wear FFP2 protective face masks on a train at the Westbahnhof underground station in Vienna on January 25, 2021, during the ongoing novel coronavirus (Covid-19) pandemic. Austria has decided to impose from January 25 a social distancing rule of two meters between each person in public places, instead of one meter until now. Wearing FFP2 masks will now also be compulsory in stores and on public transport.,Image: 585867601, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: ALEX HALADA / AFP / Profimedia

Британски, бразилски, јужноафрикански: Што засега се знае за новите соеви на коронавирусот и колку се опасни?

Вирусите постојано се менуваат мутирајќи, а варијациите на вирусот SARS-CoV-2, забележени се ширум светот.

Светската здравствена организација објави дека од досега забележените варијанти, некои се навистина поврзани со преносливоста на коронавирусот, но не и со сериозноста на болеста. Секвенцирањето на геномот било пресудно во идентификување и реагирање на новата варијанта.

Кои се новите варијанти на вирусот?

Европскиот центар за превенција и контрола на болести во моментов е фокусиран на неколку нови варијанти на вирусот.

Британски сој

Британската варијанта стана доминантна во најголемиот дел од Велика Британија и се прошири во повеќе од 50 други земји. Овој сој го карактеризира значително зголемена преносливост. Првичните проценки беа дека овој сој е 50% попренослив од другите, но постои страв дека тој е одговорен за дури 80 % од инфекциите во Лондон.

Јужноафрикански сој

Јужноафриканската варијанта е пронајдена во најмалку 20 други земји, вклучувајќи ја и Велика Британија. Оваа варијанта има 17 мутации, но само една е иста како во британската верзија. Овој сој ги загрижи научниците поради необично големиот број мутации, посебно во протеинот кој вирусот го користи за врзување и зараза на човечките клетки, но сепак тие сметаат дека јужноафриканската варијанта не предизвикува сериозни случаи на ковид-19.

Бразилски сој

Научниците верваат дека бразилската варијанта ќе биде позаразна од досегашните. Оваа варијанта содржи збир дополнителни мутации кои влијаат на способноста на антителата да ги препознаат.

Profimedia

Дали новите соеви се поопасни?

Во моментов не постојат докази дека кој било вид на вирусот предизвикува посериозни болести од порано. Мерките, како што се често миење на рацете, држење дистанца и носење маски, сепак ќе помогнат во спречувањето на заразата, а бидејќи новите варијанти полесно се пренесуваат, важно е да бидеме внимателни.

Дали вакцините сепак ќе имаат ефект?

Тековните вакцини се направени за раните варијанти, но научниците се убедени дека би требало да функционираат и против нови варијанти, иако можеби не толку добро. Во тек се лабораториски истражувања за да се потврди ова.

Дури и во најлош можен случај, вакцините можат да бидат редизајнирани и приспособени – за неколку недели или месеци, доколку е потребно, велат експертите.

Како и со вакцината против грип, на која секоја година се прави промена за да се покријат сите нови промени во вирусите на грип, нешто слично може да се случи и со коронавирусот.

Вакцините го учат имунолошкиот систем да напаѓа неколку различни делови на вирусот, па дури и ако делот со шилестиот врв е мутиран, вакцините сепак треба да функционираат.

– Но, ако дозволите да има повеќе мутации, тогаш постои простор за загриженост. Овој вирус е на пат да избега од вакцината – вели професорот Гупта.

„Бегството од вакцината“ се случува кога вирусот толку се променил што успева да го избегне целосниот ефект на вакцината и продолжува да ги заразува луѓето. Ова е можеби елемент што најмногу загрижува за она што се случува со вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот