Британец на 63-годишна возраст почина на скопските клиники

Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Шеесет и тригодишен Британец починал на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Како што информираат од МВР, вчера во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал А.Г.Г.(63) од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје.

Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиниката во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот