Зеленски и Фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO 33483

Брисел бара објаснување од Зеленски за законот што ја укинува независноста на антикорупциските тела

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара објаснување од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради контроверзниот закон со кој се укинува независноста на антикорупциските агенции – потег што предизвика протестен бран во Украина и остри реакции од европските партнери, пишува Политико.

„Фон дер Лајен изрази сериозна загриженост за последиците од законот и побара објаснување од украинската влада“, соопшти портпарол на Европската комисија. Тој нагласи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се основни вредности на ЕУ и дека како земја-кандидат, Украина е должна целосно да ги почитува тие стандарди.

Законот, кој Зеленски го потпиша во вторникот, беше остро осуден од домашни и меѓународни набљудувачи, бидејќи му овозможува на извршниот врв да врши политичко влијание врз тела кои досега дејствуваа независно.

Зеленски се соочува со критики дома и надвор поради новиот антикорупциски закон

Непосредно по објавата, неколку стотици граѓани протестираа во Киев и други украински градови, изразувајќи страв дека со ова се уназадува борбата против корупцијата.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека ова е „сериозен чекор назад“, а германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, предупреди дека „ограничувањето на независноста на антикорупциските агенции го попречува патот на Украина кон ЕУ“.

Притисокот врз Киев да го ревидира или повлече законот расте, во услови кога земјата се обидува да ги исполни клучните критериуми за пристапување во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот