Брера Струмица ќе тестира со Стеауа Букурешт, планирани се четири контролни мечеви

фото: Брера Струмица

Брера Струмица викендов ќе ја заокружи првата фаза од подготовките за новата првенствена сезона, по што од понеделник заминува за Банско, Бугарија каде ќе ја темпира формата и преку контролни пријателски натпревари.

Во Банско сениорскиот состав на Брера Струмица останува до 22 јули каде ќе одигра и четири пријателски натпревари. На 12 јули, тимот предводен од италијанскиот тренер Валенти ќе се соочи со Стеауа Букурешт од Романија.

Пет дена подоцна силите ќе ги одмерат со Теута од Драч од Албанија, а На 21 јули ќе тестира со репрезентативниот состав на Киргистан.

Втората фаза Брера Струмица ја завршува со контролен меч против Алтин Асир од Туркменистан кој е закажан на 22 јули.

Третата фаза до стартот на новата првенствена сезона ќе се одработи во Струмица кога се планира уште еден пријателски натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот