Бранимир Јовановиќ до Левица: Каде се Апасиев и Крмов да прават „филибастеринг“ за 3-те милиони евра народни пари за политичките партии?

Партиите немаат проблем експресно да се сложат кога се во прашање парите, а во меѓувреме се трупаат законите во Парламентот поради немањето консензус, додека пратениците заболени со ковид-19 не може да гласаат онлајн.

Ниту коронакризата не ги спречи партиите и оваа година братски да „лапнат“ над три милиони евра од буџетската каса кои законски им припаѓаат откако во јули 2018 година едногласно го изгласаа Законот за финансирање на партиите.

На партиските сметки оваа година во јуни веќе легнаа пари, откако со Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии која Владата ја донесе во април, на политичките субјекти им беа дадени 0,4 процени од буџетот. Вкупно оваа година партиите ќе добијат 0,10 проценти односно ќе си поделат вклупно 3.260.065 евра.

Пред Нова Година партиите ќе се засладат со над три милиони евра пари од буџетскиот колач

За разлика од атмосферата во собранието минатата недела, овој закон беше донесен викендов и тоа без расправии или илјадници амандмани. Левица беше единствената партија чии пратеници не гласаа ЗА, но сепак пратениците од партијата не беа ниту против или воздражни.

На ваквата одлука јавноста бурно реагираше на социјалните медиуми, а и поранешниот член на Левица Бранимир Јовановиќ со јавен статус на неговиот фејсбук-профил упати прашање до двајцата пратеници од партијата:

„А бе кај се Апасиев и Крмов да прават „филибастеринг“ за 3-те милиони евра народни пари за политичките партии?

Нешто не им текнуваат „смешни“ амандмани кога треба и тие да лапнат стотици илјади евра…
Ама добро, нека паднат маските…

Нека видат сите убаво дека не им е гајле ниту за сиромашните, ниту за државата, него само за еврата на нивните сметки…“, стои во објавата.

Хумористични или апсурдни – амандманите ја преиспитуваат функционалноста на Собранието

Од Левица, која користи филибастеринг за да блокира други законски решенија, денеска излегоа со став дека „државното финасирање е оправдано како механизам за политичка независност.“

Ниту за најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема ништо спорно во овој закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот