фото: vfmkd.org.mk

Бошковска отпадна поради повреда, познат составот за првиот меч против Луксембург

Селекторот на македонската женската сениорска одбојкарска репрезентација, Стефан Пауновиќ се одлучи со кои 14 репрезентативки ќе настапи на првиот натпревар против Луксембург, кој Македонија го игра утревечер, од 20.00 часот, во салата „Парк“ во Струмица на отворањето на првиот турнир од ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025.

Коректорот на шампионот Јанта Волеј КВ, Мери Бошковска отпадна од составот поради повреда на скочниот зглоб на еден од последните тренинзи и таа е веќе во процес на санирање на повредата, со цел што побрзо да се врати на теренот.

Покрај неа во составот ја нема ниту интернационалката Ерјона Јонузи. Организаторот на играта на селекцијата се врати по подолга пауза поради повреда и таа одлично одговори на сите задачи на селекторот Пауновиќ во текот на подготвителниот процес, но нема да игра на првиот меч.

– Од претходно најавив дека навистина имам тешка задача и со стручниот штаб бевме во сериозни дилеми околу изгледот на тимот за првиот меч. Сметам на сите и понатаму, се надевам дека и Бошковска ќе ја санира успешно повредата и што побрзо ќе ја имам на располагање. Од овие причини не го објавував составот се до крајниот рок – рече селекторот Пауновиќ.

Список на женска сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија –

– Техничар: Софија Пандева, Јана Балов
– Коректор: Антонија Баталаковска, Ана Фасулева
– Примач: Тамара Стојанова, Теа Терзиевска, Лилјана Ковачевиќ, Добрина Хаџитосева
– Среден блокер: Марија Василевска, Ана Павлоска, Симона Стојановска, Ива Стојковска
– Либеро: Емилија Попјордановска, Надица Антеска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот