Бошкоски: Ова ми е седма ослободителна пресуда

Љубе Бошкоски / Фото: EPA/ROBERT VOS

Ова ми е седма ослободителна пресуда, почнувајќи од двете хашки, изјави поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски откога Кривичниот суд, во повторената постапка, го ослободи од обвинение за предметот „Кампања“ за кој тој веќе одлежа пет години затвор во „Идризово“. Бошкоски се гонеше дека земал пари за партиска кампања од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци и се сослушуваше како загрозен сведок под псевдоним З1.

– Ова ми е седма ослободителна пресуда, почнувајќи од двете хашки. Во меѓувреме имавме неколку осудителни пресуди кои потоа станаа ослободителни, и од денес, па се надевам натака во мојот живот, сум можеби единствениот човек на балканските простори кој помина 11 години што во домашните, што во меѓународните затвори. Од секаде излегов како победник верувајќи во правдата и во вистината – рече Бошкоски по денешната пресуда.

Бошкоски беше уапсен по изборите во 2011 година за, како што тогаш се тврдеше, нелегално финансирање на кампањата и беше осуден на пет години затвор.

Овој предмет беше вратен на повторно судење по барање на Бошкоски откако во 2020 година Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот