Борјан даруваше крвна плазма: „Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество„

Вчера, 24 годишниот Борјан даруваше крвна плазма за да им помогне на заболените од ковид-19, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Тој е излекуван пациент од овој непредвилив вирус и без размислување се одлучил да дарува конвалесцентна плазма за да спаси човечки живот. Горд сум што во овие тешки денови со светската здравствена криза на дело ги покажуваме нашата хуманост и грижа- напиша Филипче.

Младиот Борјан вели дека, оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество.

-Дарувањето на крвна плазма не е хуманост, ниту пожртвуваност, туку минимален чин на одговорност кој секој од нас е должен да го понесе за да им помогне на оние кои им е најмногу потребно – заболените од коронавирус. Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество. Но, исто така преку дарувањето на конвалесцентна плазма им даваме и силна поддршка за белите мантили кои секојдневно се изложуваат на ризик во првите борбени редови против светската пандемија. Да ги спасиме нашите родители, баба и дедо-  вели Борјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот