Борел бара независна истрага за потеклото на Ковид-19

Жозеп Борел / Фото: Архива

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на коронавирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан.

Борел, исто така, ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Неопходна е независна научна истрага за потеклото на оваа пандемија”, рече Борел во колумна за германскиот весник „Франкфурт алгемајне цајтунг”.

Тој кажа дека Кина треба да се ангажира во борбата против пандемијата, пронаоѓањето на вакцината и зајакнување на глобалната економија, како и давањето помош на погодените земји во развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот