Бомба од Втората светска војна пронајдена во Атина

Грчко полициско возило / Фото: МИА

Бомба од Втората светска војна, беше пронајдена вчера во населба во јужниот дел на Атина, а денеска, поради планираното деактивирање и од безбедносни причини затворени се улици и евакуирани четири згради.

Станува збор за бомба од стар тип со тежина од над 220 килограми, а беше пронајдена за време на извршување градежни работи.

Деактивирањето ќе биде претпладнево, евакуирани се четири згради и во прекин е сообраќајот на улиците што се наоѓаат во околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот