Болничарите и останатиот персонал на геријатрија го креваат гласот за повисоки плати

фото: МИА

Техничкиот персонал во здравствените установи го креваат гласот за повисоки плати и подобри услови за работа.

Независниост синдикат на геријатрија не се согласуваат со новиот колективен договор потпишан помеѓу ССМ и владата. Велат дека во него има огромен број недоречености. За нив е неприфатливо платите да се зголемат за 10%, во услови кога функционерските пораснаа за 78%.

„Новиот колективен договор што го потшишаа ССМ и Владата во мај месец нас не ни одговора како независен синдикат бидејќи во тој договор има многу грешки имаат измешани баби и жаби каде определен број на вработени ги имаат ставено во група на минималец, а претходно биле во други групи. На пирмер минималецот кога беше 15.200 илјади денари, истите тие сега што се ставени во минималец имаа плата околу 17.000 денари. Што значи, коефиентот нивни сегашен од 1, 877 треба да биде 2, 362 и да им следува покачување на плата како што им следува на другите. Тоа се категории на болничари, негуватели, возачи на Брза помош, обезбедување на здравствени установи, вели Лазар Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот