Богојески: Повисоки плати треба да добијат лекарите и наставниците, а не администрацијата

„Има една категорија на граѓани кои буквално ја ранат нацијата. Тоа се претприемачите од малите претпријатија, гранапчињата, од производство, трговци поединци, занаетчии, луѓе кои создаваат дополнителна вредност преку реален труд,“ рече Петар Богојески од Македонски концепт во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“.

Според него, таквата категорија луѓе никој не ги прашува како живеат и колку плата земаат.

-Никој не се грижи за професорите и докторите, кои земаат срамна плата. Срамота е пратеник да зема повеќе од наставник. Пензиите никој не ги прашува дека немаат ниту 100 денари за лекови, смета Богојески.

Тој додава дека не поддржува покачување на платите на администрацијата.

-Мислам дека во моментв рани ни се образованието и здравството и ако не ги средиме, ќе ја изгубиме нацијата, додава Богојески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот