Блумберг за Србија: „Брза вакцинација и позитивно влијание врз економијата“
Познатата агенција Блумберг процени дека Србија ги задржува нормите на вакцинација меѓу најбрзите во Европа, што и помага да се движи низ пандемијата без натамошно намалување на каматните стапки.
Како што истакнаа, Централната банка на Србија е прва во Европа што ги намали трошоците за позајмица кога Ковид-19 „погоди“ минатата година, а денес објави дека ја задржа референтната стапка на рекордно ниско ниво од еден процент, како што се предвидуваа сите 19 аналитичари што ги анкетираше Блумберг.
„Координираните мерки на монетарната и фискалната политика продолжуваат да имаат поволно влијание врз условите за финансирање на економијата и граѓаните“, рече централната банка при објавувањето на својата одлука.
Агенцијата проценува дека успешната вакцинација, заедно со новиот стимулативен план од три милијарди долари, кој вклучува дистрибуција на пари за компании и домаќинства, „треба да бидат доволни за Србија да ја води економијата преку Ковид 19“.
Извор: Блиц