Блокирано разрешувањето на Трамп, денеска втор импичмент

epa08931300 (FILE) - US President Donald J. Trump (R) turns over the podium to US Vice President Mike Pence (L) during a news conference in the Rose Garden of the White House in Washington, DC, USA, 04 January 2019 (reissued 11 January 2021). According to reports on 11 January 2021, US House Speaker Nancy Pelosi urged US Vice President Mike Pence to oust US President Trump by invoking the 25th amendment, or said the Democrats would move forward with an impeachment. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Републикански конгресмени блокираа усвојување резолуција во Претставничкиот дом со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да се повикаат на 25-от амандман и да побараат разрешување на претседателот Доналд Трамп, оценувајќи дека тој не е способен да ја спроведува функцијата ни во преостанатите осум дена од мандатот. Демократите бараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.

Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, му ја остави оваа можност на Пенс пред  самата да го активира барањето за нов процес за импичмент на Трамп во Конгресот, сметајќи го претседателот одговорен за насилните протести во Вашингтон и за упадот во Капитол хил. Гласањето за импичмент на Трамп поради поттикнување бунт е закажано за денеска, но малку е веројатно дека процесот би можел да заврши до 20 јануари, кога новиот претседател Џо Бајден треба да даде свечена заклетва и да ја преземе функцијата.

Поттикнување бунт

Низа републикански конгресмени се согласуваат со демократите дека претседателот ги поттикнал немирите. Во иницијативата, официјално доставена од Дејвид Сисилини, демократски конгресмен од Род Ајленд, е истакнато дека „Трамп со своето однесување на денот на упадот во Конгресот демонстрира дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и устав ако му биде дозволено да остане на функцијата“.

– Доналд Трамп изврши сериозно злосторство, намерно поттикнувајќи насилство против американските власти. Толпата поттикната од претседателот Трамп на која тој ѝ се обрати нелегално упадна во Капитолот, направи вандалски чин, нападна службеници за спроведување на законот, им се закани на членовите на Конгресот, на потпретседателот и на службениците во Конгресот – се наведува во иницијативата.

Исклучени мегафоните

Платформата Твитер трајно отстрани налози поврзани со култот Кјуанон, кој промовира теории на заговор и го поддржува претседателот Доналд Трамп, а чии корисници разменуваат пораки со кои шират омраза и поттикнуваат на насилства.

Твитер уште во петокот го „замолкна“ претседателот Трамп, оценувајќи дека со своите пораки поттикнува насилства, а таков потег направи и Фејсбук.

Блокирана е и социјалната мрежа Парлер на која вообичаено комуницираа групи поврзани со насилниот упад во Капитолот. Парлер поднесе тужба против технолошката компанија „Амазон“, тврдејќи дека суспензијата е „незаконска и политички мотивирана одлука“ и побара парична отштета, враќање на претходниот статус и на претходно договорените услуги.

Се поголем број компании и институции објавија бојкот на претседателот Доналд Трамп, поради повикот на толпата демонстранти минатата недела насилно да навлезе во Конгресот на САД.

Пресушија изворите

Четирите најголеми американски банки, „Џеј Пи Морган Чејс“, „Голдман Сакс“, „Ситигруп“ и „Морган Стенли“ објавија дека ги прекинуваат сите партиски донации, а им се приклучија и „Мастеркард“ и „Виза“ и телекомите „Еј-ти енд ти“ и „Комкаст“. И „Мајкрософт“ соопшти дека ќе ги прекине политичките донации „сѐ додека не ги процени импликациите од минатонеделните случувања во Вашингтон“. Професионалната асоцијација за голф, пак, го откажа турнирот што требаше да се одржи на терен во сопственост на Трамп во Њу Џерси. Компанијата „Холмарк“ побара од републиканските сенатори Џош Хоули од Мисури и Роџер Маршал од Канзас, најголемите бранители на тврдењата на Трамп за изборна измама, да ги вратат спонзорствата. Прекинување на спонзорствата за републиканците што го поддржуваат Трамп најавија и хотелите „Мериот“ и „Кока кола“. Универзитетот Лихај од Пенсилванија и Вагнер во Стејтен Ајленд ги повлекоа дипломите што му ги дале на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот