Блинкен во обид да го спречи ширењето на конфликтот во Газа ја продолжува својата турнеја на Блискиот Исток

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја продолжи турнејата на Блискиот исток и средбите со арапските лидери, како дел од дипломатските напори да се запре натамошното ширење на војната во Газа.

Во Обединетите Арапски Емирати, Блинкен се сретна со владетелот на Абу Даби, шеикот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан, а подоцна денеска, пред да замине за Израел, треба да разговара и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, во градот оаза Ал Ула.

Блинкен вчера ги посети Јордан и Катар и се обиде да ги убеди лидерите на тие арапски земји дека САД се противат на раселувањето на Палестинците надвор од Појасот Газа.

Тој предложи наместо тоа, официјален Вашингтон сака муслиманските соседи на Израел да играат активна улога во организирањето на идната влада во Појасот Газа.

Американскиот државен секретар бара од арапските држави да се обидат да ги намалат тензиите со Либан, Сирија, Ирак и јеменските Хути, кои се интензивираа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Блинкен изјави вчера во Катар дека нападите на Хутите нарушиле или пренасочиле речиси 20 отсто од глобалниот поморски транспорт, што дополнително ја зголемило цената на стоките, вклучително и храната и горивото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот