Исак Њутн
Исак Њутн / Фото: DAVID PARKER / Sciencephoto / Profimedia

Бизарниот живот на Исак Њутн: Си забил шило во окото и останал девственик до крајот на животот

Англискиот физичар, математичар и астроном Исак Њутн е еден од највлијателните научници на сите времиња. Во неговото време, тој бил познат по многу работи, вклучувајќи го и неговото бизарно однесување.

Во продолжение, прочитајте ги најинтересните факти за животот на брилијантниот Њутн, кој е роден на денешен ден во далечната 1643 година.

Њутн бил голем грешник

Барем така се смета. Кога имал 19 години, тој составил список со 48 гревови што ги направил.

Си забил шило во окото – со умисла

Во времето на Њутн, малку се знаело за својствата на светлината. Всушност, луѓето не знаеле дали окото произведува светлина или ја собира. Џејмс Глејк, авторот на биографијата на Њутн, спомнува еден детал: Њутн се впуштил во детално проучување на оптиката, така што, тој си бил свое заморче. Во еден момент, тој си забил шило во сопственото око за да може самиот да ја воочи светлосната реакција. И самиот Њутн пишувал за тоа во својот дневник.

Доживеал два нервни слома

Се верува дека научникот доживеал два нервни слома во текот на неговиот живот. Њутн објаснил дека тоа му се случило поради хроничен недостаток на сон, иако историчарите наведуваат сосема поразлични причини: можно труење од хемиски супстанци од експериментите што ги спроведувал како и поради хроничната депресија од која страдал.

Тој е роден предвреме, неговите родители биле необразовани

Њутн бил роден три месеци порано и бил толку мал што буквално можел да се смести во поголема чаша. Татко му бил неписмен, а мајка му едвај читала. Тој се запишал на Кембричкиот универзитет  само затоа што мајка му се премажила, па имала повеќе пари.

Работел како келнер

Во своите студентски денови на Кембричкиот универзитет, Њутн морал да работи во таверна. Тој бил таканаречен „сизар“, додипломец кој добива финансиска помош за учење, а за возврат мора да прави некоја физичка работа. Имено, Њутн бил келнер, а им ги чистел и собите на другите студенти.

Фото: Print Collector / HIP /TopFoto / Topfoto / Profimedia

Бил осамен

Многумина сметале дека Њутн страдал од ментална болест (најверојатно биполарно растројство), па дури и од аутизам. Ова тешко може да се потврди, но едно е јасно – Њутн бил хронично осамен.

„Ова е нешто што можеме да го забележиме и во неговата младост, но и во повозрасните години“, вели Глејк.

Ја избегнал Големата чума

Кога избувнала Големата чума во Кембриџ во 1665 година, Њутн и неговите колеги биле испратени дома за да ја избегнат пандемијата. Во тој период, Њутн измислил примитивен калкулатор.

Се занимавал со алхемија

Иако бил прославен како сериозен научник, Њутн го интересирала и алхемијата – рана протонаучна практика во која биле комбинирани елементи на хемија, физика, астрологија, уметност, семиотика, металургија, медицина, мистицизам и религија. Најпозната цел на алхемијата е остварувањето на трансмутација на кој било метал во злато или сребро.

Не ги измислил своите теории по паѓањето на јаболкото

„Повеќето луѓе мислат дека јаболкото му паднало на глава, но тоа, веројатно, не е точно. Она што е вистина е дека Њутн сфатил дека некоја невидлива сила го предизвикала паѓањето на јаболкото, но и дека влијаела на движењето на Месечината“, вели Глејк.

Умрел како девственик

Њутн никогаш не се оженил и, иако е невозможно да се потврди оваа информација, се верува дека никогаш немал сексуални односи, пишува „Стил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот