„Битолски весник“ – светилник на битолското новинарство

Најстариот локален печатен медиум не само во Битола, туку и во државата, „Битолски весник“, на 29 април ќе го одбележи својот голем и редок јубилеј, 59 години од излегувањето на првиот број. Пред точно 59 години, на 29 април, во далечната 1964 година, во предвечерјето на Празникот на трудот, 1 Мај, благодарение на група ентузијасти и љубители на пишаниот збор, на чело со првиот главен и одговорен уредник Владо Ласковски, го издадоа првиот број на „Битолски весник“.

Оттогаш, весникот секоја среда непрекинато се наоѓа во рацете на бројните читатели во Битола.

„Битолски весник“ е без сомнение единствениот локален весник во Република Македонија, кој успешно опстојува цели 59 години во медиумскиот простор на печатените медиуми во Македонија.

Весникот во изминатите 59 години немал ни една недела прекин.

„Битолски весник“ цели 59 години е вистински хроничар не само за настаните од Битола и Регионот, туку и бренд на градот.

За „Битолски весник“ велат дека е сведок и хроничар на Битола. Некои велат дека тој е Битолскиот Пиреј.

Трети велат дека е колективна меморија на градот под Пелистер.

„Битолски весник“ од утре, 29 април, кога влегува во својата шеста децениска историја, почнува да ја испишува историјата на Битола во јубилејната 60 годишнина, која ќе биде одбележана на 29 април идната 2024 година.

Инаку, паралелно со печатењето на весникот, „Битолски“ со успех веќе 22 години по ред ја организира Манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“, а секоја година ја доделува и наградата за новинарство која го носи името на покојниот новинар на Радио Скопје, Тоде Петрески.

Во изминатите 59 години весникот бил организатор на бројни други манифестации, забави, како и хуманитарни акции за лекување на битолчани во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот