Битолски весник ги прогласи најуспешните битолчани

Битолски весник, награди Фото: В.М.Мл

 Во незаборавна атмосфера, пред околу 600 гости Битолски весник, најстариот локален печатен медиум во државата, кој идната година слави 60 години од излегувањето на првиот број, ги додели признанијата на најуспешните битолчани за минатата година, кои со своите резултати се афирмираа себеси, но ја афирмираа и Битола.

Признанието за животно дело го доби актерот на НТБ Борис Чоревски- Чоре, кој зад себе има импозантна актерска и глумачка кариера.

Наградата за трајни вредности ја доби ликовниот уметник  Панде Петровски, додека наградата за најуспешен стопанственик ја доби  директорт на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Во областа на културата беа доделени две награди, за директорката на  КИЦ Битола, Лили Бошевска  и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илијевски.

Наградата која го носи името на авторот на песната „Битола мој роден крај”,  Ајри Демировски, која Битолски весник посмртно ја доделува му припадна на пејачот  Димитар Андоновски.

Во областа на новинарството наградата ја доби сопственикот на порталот „Сакам да кажам”, Горан Михајловски, а во спортот РК Еурофарм Битола

На манифестацијата посебни признанија му беа доделени на   сопственикот на порталот  „Човекот пред се “, Трифун Костовски, претседателот  на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азевски, а признанието Гран При му припадна на претседателот на УО на Меѓунардниот Савјански Универзитет проф. Д-р Јордан Ѓорчев.

Оваа година поради веќе закажаните претседетелски и парламентарни избори Битолски весник за прв пат од постоењето на Манифестацијата не додели награда  во областа на политиката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот