БИРН: Во С. Македонија е забележан континуиран говор на омраза со етнички мотиви, дискриминација кон ЛГБТ заедницата и кршење на дигиталните права

фото: МИА, извештај на БИРН

Во периодот од септември 2022 година до август 2023 година во Северна Македонија забележано е зголемување на кршењето на дигиталните права, велат податоците од Извештајот на БИРН за кршење на дигиталните права за земјите од регионот, кој денеска беше претставен во Сараево.

Во Извештајот во кој биле опфатени Албанија, БиХ, Хрватска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Турција, БИРН за споменатиот период регистрирала 1.427 случаи на кршење на дигиталните права, што е речиси двојно повеќе од претходниот број од 782 случаи.
БИРН забележува дека во земјава се регистрирани 144 случаи на прекршување на дигитални права, од кои најголем број на жртви се граѓаните – 104, а потоа следуваат државните институции – 25 и јавните личности – 14.

„Во Северна Македонија е забележан континуиран говор на омраза со етнички мотиви, како и дискриминаторски изјави насочени кон ЛГБТ заедницата. Тука спаѓа и говорот на омраза што на Фејсбук го шири ТВ водителот Миленко Неделковски во врска со новинар со албанско потекло. Во 2022-2023 година, БИРН забележа ескалирачки број на онлајн измами и прекршување на податоци во Северна Македонија. Ова беше придружено со невиден пораст на сајбер криминалот, особено во форма на хакерски напади насочени кон веб-страниците на јавните и владините институции. Во 2023 година забележани се и дојавите со лажни бомби, главно насочени кон училиштата во земјата преку е-пошта и го попречуваа образовниот процес за средношколците во поголемиот дел од учебната година“, се вели во Извештајот.

Последниот извештај на БИРН за кршење на дигиталните права за земјите од регионот укажува на зголемување на кршењето на дигиталните права низ регионот, особено во време на криза. Повеќето случаи на прекршување на овие права вклучуваат говор на омраза, дискриминација, дигитална манипулација и компјутерска измама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот