Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON//SARAH YENESEL

„Билборд“ ја објави листата на најголемите поп ѕвезди на 21 век: Се скараа обожавателите на Тејлор Свифт и Бијонсе

„Билборд“ објави листа на најголеми поп ѕвезди на 21 век, а една од најголемите светски ѕвезди не го зазеде првото место.

Глобалната ѕвезда Тејлор Свифт е прогласена за втора најголема поп-ѕвезда на 21 век од „Билборд“, што ги налути нејзините фанови. Билборд подоцна ја објасни својата одлука, знаејќи дека најверојатно ќе стане многу контроверзна. Тие рекоа дека тоа што е на второто место е само уште еден показател за нејзината моќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by billboard (@billboard)

Засега не се знае кој е на првото место, но се верува дека тоа место ќе ѝ припадне на Бијонсе, што предизвика конфликт меѓу обожавателите на двете пејачки. „Билборд“ соопшти дека одлуката ја донеле врз основа на тоа што Тејлор Свифт ја започнала својата кариера многу подоцна од ѕвездата број 1, и во жанрот и воопшто во музиката.

Тоа објаснување не помогна да се смири ситуацијата, а фановите на Тејлор Свифт го кажаа своето мислење на социјалните мрежи. Списокот го нарекоа „шега“, а многумина тврдеа дека на Свифт ѝ е „украдена титулата“.

„Ова е патетично и треба да го поправите“, „Кој ја одобри оваа листа? Прво, вашите списоци се секогаш неверојатно неточни“, „Таа заслужува број 1, таа е најголемата музичарка на сите времиња, не само на 21 век“, коментираа многумина.

Имаше и такви кои се согласија со изборот на Билборд и им објаснија на фановите на Тејлор Свифт колкаво влијание има Бијонсе врз „културата, продажбата, бројките и наградите“.

„Понекогаш луѓето треба да разберат дека само затоа што таа ги повторува нејзините албуми и тие се пуштаат многу, не ја прави одлична. Кога вашата работа се повторува и секоја песна звучи исто, не можете да бидете музичар број 1 на 21-от век, особено кога се натпреварувате против жена музичар која правеше сè, од R&B, кантри до денс музика“, гласеше еден од коментарите.

Бијонсе и Тејлор неколку пати јавно се поддржуваа, особено по инцидентот со Канје Вест кој се случи во 2009 година на доделувањето на музичките награди на MTV. Тогаш раперот го прекина говорот на Тејлор Свифт и рече дека Бијонсе е „вистинскиот победник“. Подоцна награда доби и Бијонсе, а за време на нејзиниот говор ја покани Свифт на сцената за да ја комплетира својата благодарност.

Свифт претходно изјави дека Бијонсе отворила многу врати за други музичари, а Бијонсе истакна колку е благодарна за поддршката на Тејлор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот