мелинда бил гејтс
Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Бил и Мелинда Гејтс официјално се разведени

Бил и Мелинда Гејтс официјално се разведени, пренесува „TMZ“ кој тврди дека имале пристап до судските документи.

Имено, се наведува дека ниту една од страните нема да добие брачна поддршка и нивниот имот ќе биде поделен во согласност со договорот за развод.

Странските медиуми пишуваат дека Мелинда и Бил се договориле кој што ќе добие уште кога одлучиле да се разделат. Исто така, Мелинда нема да го смени презимето.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

„TMZ“ пишува дека во судските документи стои дека тие немаат никакви проблеми со старателството над нивните три деца, со оглед на тоа што тие повеќе не се малолетници.

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

Да потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај.

Во текот на изминатите 27 години, воспитавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и продолжуваме да работиме заедно во фондацијата, но ние повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во следната фаза од животот“, напишаа тие во соопштението кое го објавија на 3 мај.

Мелинда и Бил беа во брак 27 години. Тие се запознале кон крајот на 1980-тите, и се венчале во 1994 година.

Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот