Бил Гејтс инвестира во стартап кој се занимава со ждригањето на кравите

Крави / Фото: Архива на „Слободен печат“

Милијардерот Бил Гејтс инвестира во австралиски стартап за климатска технологија која планира да ги намали емисиите на метан од кравите што ждригаат, пренесува „Би-Би-Си“. Метанот е најчестиот стакленички гас по јаглерод диоксидот. Добитокот како кравите, козите и елените произведуваат метан кога нивниот стомак ги разградува цврстите влакна како тревата.

Научните истражувања покажаа дека хранењето на кравите со морска трева може значително да ги намали нивните емисии на метан. Старт апот „Румин8“ од Перт затоа започна да работи на додаток во исхраната синтетички реплициран од црвени морски алги, кој го запира формирањето на гас.

„Румин8“ соопшти дека собрал 12 милиони долари финансирање предводено од „Брејктру Енерџи Венчурс“, која Гејтс ја основал во 2015 година. Инвестициската фирма е поддржана и од извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос и кинескиот претприемач и ко-основач на „ Алибаба“.

Во октомври минатата година, Нов Зеланд предложи да се оданочуваат стакленички гасови произведени од домашните животни. Во 2019 година, метанот во атмосферата достигна рекордни нивоа, тој беше околу два и пол пати поголем од нивото во прединдустриската ера. Поединечните молекули на метан имаат посилен ефект на загревање на атмосферата од молекулите на ЦО2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот