фото: EPA-EFE/Chema Moya

Без ВАР, Реал ќе ја освоеше Ла Лига со осум бодови предност пред Барса

Оваа сезона во најсилното шпанско фудбалско првенство се ближи кон крајот. Останува уште едно коло, во кое ќе бидат решени последните прашања околу местата за европските клупски натпреварувања и екипите што испаѓаат.

Барселона ја освои титулата, а медиумот „АС“ одлучи да направи рангирање без да ги земе предвид интервенциите од ВАР собата.

Во паралелна реалност, доколку оваа технологија сè уште не постоеше, Реал Мадрид ќе имаше осум бодови предност пред Барселона.

Без ВАР, Реал Мадрид ќе имаше 88 бодови по 37 кола, седум повеќе отколку што всушност собраа сезонава.

Интервенциите на ВАР имаа најголемо влијание врз позицијата на Мајорка, која сега е на 10 место, а без нив тимот ќе имаше 10 бодови помалку и ќе беше на 17 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот