Без струја утре дел од општините Петровец и Зелениково

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови во општините Петровец и Зелениково.

Во период од 08:45 до 14:30 часот село Кожле, пумпна станица за водоснабдување и село Бадар, општина Петровец, а од 12:00ч до 15:00 часот дел од село Орешани, општина Зеленикво и во период од 09: 00 до 11:00 часот корисниците на село Градовци, општина Зелениково.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека во понеделник, поради водоводен дефект од ф 100мм на ул.Будимпештанска бр.22б, прекинато водоснабдување од 08:00 часот до завршување со интервенцијата ќе имат корисниците од ул.Московска, Женевска, Хашка, Будимпештанкса, Осло, Бањалучка, Јоаким Осоговски, Урош Ѓудовиќ, Душко Бојковски и ул.Лубица Горгиевска, општина Карпош.

На ден 15.04.2024 поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. Поп Богомил 4, прекинато водоснабдувањеод 09,00ч до завршување на интервенцјата ќе имаат корисниците од населба Трнодол, општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот