Без струја утре дел од корисниците на Карпош, Кисела Вода, Центар и Чучер Сандево

ЕВН Македонија
ЕВН Македонија АД / Фото: МИА

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците на Карпош, Кисела Вода, Центар и Чучер Сандево.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош. Од 8.30 до 15 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од улицата „Банско“, дел од улицата „Кратовска”, дел од улицата „Рилски Конгрес“ од бр. 50 до бр. 57, додека од 8 до 17 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Петар Драпшин“, „Лав Толстој“, „Добромир Хрс“ и „Ефтим Спространов“ во Кисела Вода.

Во периодот од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците 164 и 163 во населбата Крњево во општина Центар.

Од 9.00 до 13.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Кучевиште кон манастирот „Св. Архангел Михаил“ во општина Чучер Сандево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот