Без струја денеска повеќе улици во Центар, без вода неколку улици во Карпош

ЕВН фото МИА

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош.

Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул. „Наум Наумовски – Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

-На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10,00 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул. „Џумајска“ во општина Карпош, стои во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот