фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Бензема и Кристијано Роналдо во трката за најдобар стрелец во Саудиска Арабија

Карим Бензема постигна еден гол и запиша две асистенции во победата на неговиот Ал-Итихад над Ал-Вахда од 4:1 во 20 коло од најсилната лига во Саудиска Арабија.

Така, 37-годишниот француски фудбалер Бензема сега има 15 гола од почетокот на сезоната.

Лидер во трката за најдобар стрелец во првенството е 40-годишниот Португалец Кристијано Роналдо, кој на 19 натпревари постигна 16 гола во дресот на Ал Наср.

Моментно на табелата Ал-Итихад е на врвот со 52 бодови, пред Ал Хилал кој има 48, додека на третото место е Ал Наср со 44, колку што има и Ал Кадисија на четвртата позиција.

Во следното коло Ал-Итихад на 22 февруари дома ќе го игра дербито против Ал Хилал, додека Ал Наср еден ден порано ќе го пречека Ел Етифак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот