Бектеши: Нафтоводот Солун-Скопје наскоро ќе биде во функција

Продуктовод Солун-Скопје Фото: ТД „Нафтовод“

Продуктоводот Скопје – Солун доби лиценца за работа и можност да биде употребен по повеќе од една деценија. Министерот за економија Крешник Бектеши потенцираше дека е во завршна фаза ставањето на овој продуктовод во функција. За него, имаше големи превирања во изминатава деценија. Првичната цел на продуктоводот, потсети Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесува дизел горивото.

Чистење на продуктоводот
Фото: ТД „Нафтовод“

Бектеши учестуваше на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“. Таму потенцираше и дека оваа година е многу важна за нас затоа што од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас.

– Од оваа година натаму нема да бидеме зависни од ниту една држава, сами ќе одлучиме согласно принципите на конурентност и дополнитлени можности во делот на снабдување со енергенси што ќе ја зголеми безбедноста на нашата држава и ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ- истакна Бектеши.

Продуктоводот Солун-Скопје пак, треба да обезбеди сигурен и еколошки транспорт на дизелот, а ќе овозможи намалување на можноста за избегнување на царинските акцизи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот