инстаграм

Бекамови заљубени и по 20 години брак: По крштевањето на децата славеле и танцувале до утрото! (ФОТО)

Дејвид (44) и Викторија Бекам (45) ретко разменуваат нежности во јавност, но овој пат биле фотографирани како танцуваат и се бакнуваат на забава по повод крштевањето на нивните деца. Парот никогаш не изгледал толку среќно и заљубено, велат коментарите на присутните.
Викторија потонала во прегратката на саканиот сопруг, а додека танцувале заедно изгледале позаљубени од било кога, иако се веќе цели 20 години во брак. Тие танцувале на песната „Can’t Take My Eyes Off You” и се топеле во прегратката.

инстаграм

Во весело расположение Дејвид излегол на подиумот и почнал да танцува и со Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, кој исто така бил на прославата која траела до доцна во ноќта.

инстаграм

Викторија споделила низа фотографии и видеа на Инстаграм, каде се гледа како лудо се забавувале на приватната журка. Споделила и низа фотографии од своите деца, кумата Ева Лонгорија, Марк Ентони и останатите гости, но сепак, тоа што било најромантично и привлекло најголемо внимание, е љубовта меѓу Дејвид и Викторија.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот