СВР тетово/ фото: МИА

Бегалец од законот сам се пријавил во полиција, го барале за трговија со дрога

36-годишен жител на Тетовско вчера сам се пријавил во полиција, каде бил баран со потерница за трговија со дрога, соопшти МВР.

„На 07.10.2025 во 11:15 часот во СВР Тетово сам се пријавил Ф.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, за кого има распишана национална потерница од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“ по член З94 став 2 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот