Бегај: Благодарност до Клинтон за се што направи за Косово

Бајрам Бегај/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Албанскиот претседател Бајрам Бегај по повод доаѓањето на поранешниот американски претседател Бил Клинтон изјави дека Албанците се вечно благодарни за се што направил, особено за Косово. Во објава на Фејсбук, Бегај изјави дека „одлуките што ги донесе Клинтон за иднината на Косово се ставени на пиедесталот на најдрагите пријатели“.

„Добредојдовте во Тирана, претседателе Клинтон! Албанија и Албанците ви се вечно благодарни за се што направивте за нашиот народ, а особено за Косово. Вашето одлучување и лидерство во најодлучувачките денови за иднината на Косово ве постави на пиедесталот на нашите најдраги пријатели. Ви благодарам од се срце“, изјави Бегај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот