ПИОСМ / Фото: Архива на Слободен печат

Беџети бил директор на ПИОМ без согласност од Владата, обвинуваат од Левица

Дритан Беџети, кадар од партијата Алтернатива на Африм Гаши, девет месеци ја извршувал функцијата директор на Фондот за ПИОМ без согласност на Влада, обвинија утрово од Левица.

Според партијата, неговото, како што велат, (не)работење засега е проследено со две кривични пријави, додека извештајот на ДЗР потврдува основи за прекршочна и кривична одговорност од кадарот на Гаши.

„Ревизорскиот извештај наведува именување на Беџети за в.д. директор од страна на Управниот одбор на Фондот за ПИОМ во февруари 2022 година со дадена согласност на Владата. Но, во јуни истата година, Управниот одбор на Фондот по спроведен јавен конкурс го именувал Беџети за директор, без согласност на Владата. Решение било донесено дури по девет месеци, а Беџети не добил согласност да биде прв човек на фондот за ПИОМ.

Недавањето согласност од тогашната Влада предводена од Ковачевски веројатно е поради политички пазарења. Тоа не го менува фактот дека Беџети ја врши функцијата незаконски. За време на неговото незаконско директорување направени се бројни неправилности за кои сѐ уште нема правни последици или поднесена одговорност.

Во септември за в.д. директор на ПИОМ назначен е портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. Од негова страна не е поднесена никаква иницијатива за одговорност на неговите претходници и покрај огромните ‘дупки’ во Фондот. Ова не само што укажува на заштита и неодговорност за политичките кадри во коалицијата на власт, туку и паралелно потврдува како партијата на Димитриевски ги штити функционерите назначени во владеењето на СДС. Повторно повикуваме на судска разврска на делата за кои се товари Беџети, како и доставување на документите до обвинителството за секоја утврдена неправилност“, соопшти Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот