Баталјон на мјанмарската војска им се предал на бунтовниците на северот од земјата

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Силите на бунтовничката коалиција во Мјанмар тврдат дека цел баталјон на војската на Мјанмар им се предал во државата Шан, на северот на земјата.

Предавањето, што сè уште не е признаено од војската и не може да биде независно потврдено, доаѓа на две недели откако армијата Аракан, Армијата на Националната демократска алијанса на Мјанмар и Националната ослободителна армија Танг, кои себеси се нарекуваат Алијанса на три братства, на 27 октомври почнаа голема воена офанзива против воениот режим.

Алијансата тврди дека постигнала бројни победи, додека војската на 2 ноември призна дека изгубила контрола над три града, од кои едниот е на главниот граничен премин за трговија со Кина.

Офанзивата во северната држава Шан претставува тежок предизвик за војската, која се бори да го спречи бунтот на членовите на продемократските вооружени групи што почна откако војската ја собори демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи во февруари 2021 година.

Откако минатиот месец почна офанзивата војници и полицајци им се предадоа на бунтовниците во државите Карен, Каја, Ракин и Чин и регионот Сагаинг, наведуваат етничките вооружени групи и независните локални медиуми.

Различни паравоени продемократски групи, кои дејствуваат низ целата земја, ги здружија силите со добро организираните етнички вооружени групи, кои со децении се борат против централната влада на Мјанмар, за поголема автономија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот