фото: Partizan Mozzart Bet/Dragana Stjepanovic

Барселона им забрани на навивачите на Партизан и Црвена звезда да присуствуваат на натпреварите

Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека навивачите на осум клуба повеќе нема да можат да купуваат билети за натпреварите од Евролигата против Каталонците, вклучувајќи ги и српските клубови Црвена звезда и Партизан. Барселона започна со продажба на индивидуални билети за натпреварите од Евролигата во среда, а на гостинските навивачи сега официјално им е забрането да настапат на осум од 19 натпревари во претстојната сезона.

Управата на Барселона одлучи дека само членовите на клубот ќе можат да купуваат билети за натпреварите, сето тоа со цел „да се намалат непријатностите за домашните навивачи кога ги посетуваат клубовите што имаат голем број навивачи што патуваат“.

На самиот врв на листата на клубови чии навивачи се забранети од Барселона се Партизан и Црвена звезда од Белград, следат следат Хапоел, Панатинаикос, Олимпијакос, Ефес, Фенербахче и Жалгирис. Интересно е што Хапоел е на листата, а не Макаби, кој исто така има голем број навивачи кои одат на гостински натпревари.

За да се купат билети за натпреварите на осумте клуба, мора да се најавите како член на веб-страницата на Барселона. Секој член може да купи колку што сака билети, дури и ако луѓето со кои присуствува на натпреварот не се членови, но при купувањето мора да се согласат да не ги злоупотребуваат правилата.

Одлуката на раководството на Барселона исто така значи дека доколку навивачите на осумте клуба се појават во салата, тие можат да бидат упатени кон излезот во секое време.

Новата сезона во Евролигата започнува на 30 септември, а потоа Барселона ќе игра против Хапоел. Каталонскиот клуб ќе го игра својот прв домашен натпревар на 10 октомври, кога ќе биде домаќин на Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот