Барние: Како и Велика Британија, на ум ќе ги имаме нашите стратешки интереси

Главен интерес на Европската унија за постигнување договор за слободна трговија со Велика Британија е да се усогласат заедничките социјални и еколошки стандарди и да се избегне „политика на намалување на цените”, оцени главниот европски преговарач за Брегзит Мишел Барние.

За порталот „Проџект Синдикат“ тој рече дека Европската унија би сакала да го искористи кусото преостанато време за преговори со Лондон.

– Но, како и Велика Британија, на ум ќе ги имаме нашите стратешки интереси, истакна Барние.

Тој рече дека натпреварувањето во социјални и еколошки стандарди – наместо во вештини, иновации и квалитет – на крајот ќе ги стави работниците, потрошувачите и планетата на губитничката страна.

Секој договор за слободна трговија со Велика Британија треба да обезбеди рамномерни услови во однос на стандардите, државната помош и даночните прашања. Барние, исто така, подвлече дека секој нов економски договор постигнат до крајот на 2020 година, најверојатно, ќе треба да се прошири во наредните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот