Енис Барди со Трабзонспор се бори за влез во групите на ЛШ/Фото: Принтскрин/Твитер

Барди го одбил повикот од Руни да се приклучи во МЛС лигата

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, вчера и официјално беше претставен како нов фудбалер на Трабзонспор, а за да потпише за турскиот шампион тој го одбил повикод на легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни.

Имено, легендата на Манчестер јунајтед и на Англија, Вејн Руни, кој сега работи како тренер во МЛС лигата во екипата на Ди Си Јунајтед, го повикал Барди да потпише за неговиот тим. Руни и Барди имале неколку разговори, но на крајот пресудила желбата на македонскиот репрезентативец да игра во Лигата на шампионите и го откачил легендарниот Англичанец.

Барди исто така имал сериозна понуда и од грчкиот Олимпијакос, но неговата желба беше да игра во Лигата на шампиони и доколку Трабзонспор го помине Копенхаген во плеј-офот, тогаш желбата ќе му се оствари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот