Банките во земјава нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни

Гужва луѓе пред банка / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Поради прекин на врските за размена на ефективни парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска, а поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување на перење пари деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK).

Од Македонската банкарска асоцијација (МБА) информираат дека за ова има и официјално известување од централните банки на овие две земји.

Оттаму додаваат дека одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки и шведски круни од страна на домашните деловни банки нема да влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму ќе можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот